Известување до граѓаните на Република Македонија и Македонци ширум светот, како и пријатели на Македонскиот народ

Известување до граѓаните на Република Македонија и Македонци ширум светот, како и пријатели на Македонскиот народ


Во ЖАЛБАТА и во ОТВОРЕНОТО ПИСМО, пишува дека со преговорите за името,директно и флагрантно се нарушуваат основните човекови права и слободи, и злосторства против човечноста, на милиони македонци ширум светот, имено: 

- Одрекување на правото на самоопределување утврдено како апсолутно право на секој народ, согласно Член 1 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права; 
- Отфрлање на достоинството на човекот, според член 1 од Универзалната декларација за човекови права и член 1 од Повелбата за основни права на Европската унија; 
Негирање на личниот интегритет, според член 3 од Повелбата за основни права на Европската унија и според член 8 од Европската конвенкција за човекови права; 
Дискриминација врз основа на јазикот и националното потекло, како и врз меѓународниот статус на земјата, според член 2 од Универзалната декларација за човекови права; 
Одрекување на културните права, според преамбулата и членовите 1, 3, 6 и 15 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права; 
Намерно уништување на културното наследство, како што е дефинирано во Дел II од Декларацијата на УНЕСКО за намерно уништување на културното наследство; 
Понижувачки и нехуман третман согласно Член 3 од Европската Конвенција на Човекови Права и и член 4 од Повелбата за основни права на Европската унија; 
Тортура согласно Член 1 од Конвенцијата против тортура и други сурови, нечовечни или понижувачки третмани или казнувањa; 
Злосторства против човечноста, согласно член 7 од Римскиот Статут на Судот за меѓународни злосторства; 
Геноцид, согласно член 2 од Конвенцијата за спречување и казнување на геноцидни злосторства, и во согласност со член 6 од Римскиот Статут на Судот за меѓународни злосторства.


Read the open letter to the world 
Watch the complaint at the United Nations